Имотно правни спорови во Чаир

21.04.2017 | 18:31
Прочитано: 2407
Пред дворното место на семејството Мишевски во Чаир за еден ден бил изграден објект висок неколку метри. 
 
Семејството реагира дека изградбата на привремените објекти пред нивниот двор – е нелагална затоа што тие веќе го користат земјиштетото од 1960 година, и чекаат одобрение за откуп на државно земјиште, кое веќче е во процедура. Иако општината ги прашала, семејството не дало согласнот тука да се градат пшривремените објекти – сепак на кракот тие биле поставени. 
 
„Ние не дозволивме, насила влегоа, ги исекоа дрвата и го направија објектот. Без дозвола не узурпираа. Се обративме до општината и ништо.“ - изјави Ленче Мишевска.
 
Сопствениците на привремените објекти прво ги исекле дрвата па потоа го изградиле објектот без да приложат било какво одобрение. Иако било пријавено и во општината Чаир во полиција и кај градежниот инспекторат никој не излегол да види што се случува. 
 
Од општината за случајот не се произнесоа, бидејќи лицата задолжени ја односи со јавноста биле на семинар надвор од државата, па не упати за одговори од наредната недела. Со сличен проблем се справува и комшијата Никола Дојчиновски. Наместо привремен објект кај него на самиот влез на летната тераса на ресторанчето со кое стопанисува се изградил објект од цврста градба. Вели пријавил во општина, но оттаму кревале раменици.
 
„Бев во општина и оттаму ми рекоа дека ќе има и дека ќе има премин од од врата на врата и да биде средена атмосфераската вода, но тие, не, до зидот го направија. Ми ја оштетија настрешницата и кровот и керамидите се скршени. Од општината не реагираат“ - изјави Никола Дојчиновски, жител на Чаир.
 
Од градежниот инспекторат велат дека неможат да реагираат бидејќи станува збор за надлежност на локалната самоуправа.
 
„Кога има пријави од граѓани ги советуваме прво да пријават во општината кај општинскиот инспектор, доколку тој не постапи тогаш ќе постапиме ние. Но надмежноста прво е на локално ниво. Во моментов чекаме одговор од општина Чаир дали постапиле по пријавата.“ - велат оттаму.
 
Граѓаните бараат поголема ажурност на иституциите за да се спречат ваквите имотно првани проблеми.

Христина Новевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.