Инцидент во партискиот штаб на ВМРО - ДПМНЕ - Охрид

13.08.2017 | 20:09
Прочитано: 30887

Изборот за градоначалнички кандидат на локалните избори во октомври го искара врвот на општинскиот комитет на ВМРО - ДПМНЕ од Охрид.

Телевизија 24 од блиски извори во партијата дознава  дека доцна синоќа на заеднички состанок во штабот на ДПМНЕ дошло до бурна вербална расправија поради предлогот на поедини членови од партијата актуелниот градоначалник Никола Бaкрачески да биде повторно кандидиран на изборите во октомври.

Според информациите,  на состанокот присуствувале  генералниот секретар Мицкоски и претседателот на комитетот и пратеник во Собранието Љубен Арнаудов кои денеска не беа достапни за коментар. Неофицијално дознаваме дека по кавгата следела и  физичка пресметка помеѓу дел од присутните,  но од СВР децидно тврдат дека пријава за тепачка не постои.

Тв 24 денеска се обиде да стапи во контакт со првите луѓе на партијата во Охрид, но никој не сакаше да коментира што и како се случувало на состанокот. Во меѓувреме на својот фб профил еден од поистакнатите членови на партијата во градскиот совет на Охрид, Дејан Паноски соопшти  дека се повлекува од партијата и политиката.Тврди дека неговата одлука нема поврзаност со синоќешниот состанок.

Паноски е се уште актуелен советник во советот на општина Охрид, но и локално познат како еден  најголемите поборци во партијата и истакнат член од  првите редови на ВМРО - ДПМНЕ. За тв 24 тој вели дека во целата ситуација и во се што се пишува најсигурно е дека тој ги напушта активностите во партијата и се повлекува од сите политички позиции. Детали и причини не сакаше да коментира.


Адријана Митевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.