Инспектори ја посетиле Ременски, го испитувале статусот на Царовска

18.11.2015 | 20:55
Прочитано: 6701

Во војната што вчера на новата министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски и ја отвори заменик министерот Диме Спасов, денеска се вклучи и Државниот управен инспекторат. Ременски инфомира дека инспекторија ја посетиле денеска, по анонимна претставка од загрижени граѓани дека неовластено лице решава граѓански проблеми. Ова доаѓа откако вчера Спасов обвини дека Мила Царовска незаконски била одредена да постапува по прашањата на граѓаните, иако не била вработена во Министерствто. Но, Ременски вели, дека Цароска е ангажирана како советник во нејзиниот кабинет, согласно законот. Министрите и дополнителните заменици министри избрани на 11.11.2015 година со Законот за влада имаат право на три административни службеници и тројца кабинетски советници на министерот. Мила Царовска согласно законот е еден од кабинетските советници на министерот за прашања од надлежност на министерството. Ангажирањето на останатите кабинетски советници е во тек. - вели Ременски.

Министерката во дописот до 24 Вести, додава и дека обвинувањата дека неовластени лица се задолжени да одговораат на прашањата на граѓаните е неоснована, бидејќи задолжено лице за таа намена била Наташа Методиева, долгогодишно вработена како административен службеник во Министерството. Сакам да нагласам дека, одговорното лице за официјалната емаил адреса не одговара на граѓаните во смисла на управна постапка. Оттука, граѓаните не треба да стравуваат, затоа што одлучувањето по нивните барања ги прават одговорните по надлежност во министерството. - објаснува Ременски, која најавува дека откако ќе го добијат записникот од инспекцискиот надзор, за него ќе информираат на веб страницата.

Во јавноста вчера се појави известувањето што Спасов го испратил до вработените, во кои ги повикува да не постапуваат по насоките на Ременски, но од нејзиниот кабинет доцна попладнето испратија соопштение во кое повторија дека поради компетентост и навремено постапување по конкретните прашања на граѓаните, единствено може да одговара лице назначено од Кабинетот од министерот.

На соопштенито, преку својот Фејсбук профил, реагираше Спасов со коментар дека се работи за обид на Ременски да го покрие гафот со, според него, незаконскиот ангажман на Царовска. Се работи за срамен чин за кој министерката треба да сноси политичка и морална одговорност, напиша Спасов.

Дали и нему, како и на јавноста, не му бил познат фактот дека Царовска е ангажирана како советник на Ременски, останува нејасно.

 


Христина Новевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.