Институционална помош за кумановката која остана на улица со три деца

13.09.2017 | 17:58
Прочитано: 4077

Сторијата за Благородна Димитриевска која е жртва на семејно насилство ги мобилизираше институциите и граѓаните. Откако Телевизија 24, ја пренесе нејзината голгота низ која поминува со своите три малолетни деца, утринава беше повикана во Центарот за социјални работи во Куманово.

На Благородна и е понудено сместување во шелтер центар, и е ставена на приоритетна листа во заводот за вработување и бесплатна правна помош.

„Центарот за социјална работа веднаш превзема активности и веднаш превзеде активности за благородна. Превземени се мерки пружање на социјална помош на целото семјество. како жртва на семејно насилство, може да користи мерка за активно вработување и веќе е ставенана листата. Сместена е во центар на три месеци, плус продолжување од три месеци кадесе обезбедува социјална услуга, здравствена заштита и згрижување.“ - вели Александра Арсовска – директорка во Меѓуопштински центар за социјална работа – Куманово

Благородна денеска ја затекнавме пред Центарот за социјална работа заедно со своите деца која вели дека е задоволна од брзата реакција на надлежните институции, но не прифаќа сместување во шелтер центар.

„Задоволна сум што веднаш реагираа ими се јавија и ме повикаа, денес социјалното и ќе видиме. ми понудија за работа и сместување, ама детето ми оди на училиште.“- вели Димитриевски.

Стапивме во контакт и со Министерството за внатрешни работи од каде не информираа дека минатиот месец била поднесена кривична пријава против сопругот на Благородна - Драган Димитриевски поради „загрозување на сигурност“ и таа е доставена до надлежното Обвинителство.

Семејното насилство за прв пат се дефинира и станува предмет на инкриминизација со измените на Кривичниот закон во април 2014 година кога се воведува и казнено правна заштита на жртвите на овој вид насилство.

Во 2016 година бројот на жртви од семејно насилство изнезувал вкупно 1 098. Според последната статистика од Министерството за труд и социјална политика за период јануари па се до месец јуни оваа година евидентирани се вкупно 462 жртви, бројка во која е и Блародона Димитриевска. Приказната за Благородна допре до хуманите луѓе кои веќе се организираат за помош, а во сабота познатата R'N'B група ДНК најави хуманитарен настан а сите средства кои ќе бидат собрани ќе и бидат донирани на Благородна Димитриевска.



Сунаи Сабриоски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.