ИРИ: Луѓето најмногу се информираат од телевизија, тв 24 трета на листата

24.09.2017 | 20:18
Прочитано: 4790

Телевизијата се уште е главен информатор за политичките случувања, но се зголемува и бројот на граѓани кои за политиката се информираат преку интернет  – покажува последната анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) спроведена од 4 до 21 август годинава.

Според анкетата, 20 отсто од граѓаните рекле дека политички вести гледаат на „Сител“, 16 отсто се изјасниле за „Алсат М“, додека 13 отсто за Телевизија 24. Потоа следуваат Телма со 12 отсто и Канал 5 со 11 отсто. За првиот прогламски сервис на јавниот радиодифузер се изјасниле 9 отсто од гледачите, додека  3 отсто гледаат МТВ на албански јазик. За „ТВ 21“, „Шења“и за „Алфа“ се изјасниле 1 отсто од гледачите. 9 отсто рекле дека воопшто не гледаат телевизија. Во оваа анкета забележителен е падот на процентот граѓани кои политичките случувања ги следат преку печатените медиуми. Двојно помал број граѓани читаат весници во споредба со ноември минатата година, што се должи и на згаснувањето на дневните весници кои ги издаваше Медиа Принт Македонија.

Ова не е прво истражување на јавното мислење кое покажува раст на гледаноста на Телевизија 24. Во извештајот на Агенцијата за аудио визуелни медиумски услуги за минатата година, Телевизија 24 е единствената телевизија која бележи постојан раст на гледаноста во сите четири квартали.

Во турбулентно време на политичка криза, Телевизија 24 се издвои по својата професионалност, балансираност и објективност, што го докажуваат и бројните резултати и извештаи од државните институции, но и од независните анкети. Хаосот во медиумскиот сектор одамна е дел од критиките во меѓународните извештаи, а неговото решавање е еден од условите за враќање на демократското ошптество. За време на политичката криза која ескалираше во последните две години, политизираноста, селективното пренесување на информации, како и говорот на омраза беа на големо присутни во медиумите. Тоа се покажа и од големиот број предлози за поведување прекршочна постапка по надзорот на медиумите во изборниот период. За изборниот процес во декември лани кога беше формирано Ад Хок тело беа поднесени вкупно 68 предлози за поведување прекршочна постапка кон 25 радиодифузери. Во претстојниот изборен процес, Агенцијата за аудио визуелни медиумски услуги ќе ги мониторира медиумите, а директорот на оваа институција ќе биде оној кој ќе треба да ги поднесува барањата за прекршочни постапки.

 

 

This publication has been produced within the partnership with Osservatorio Balcani e Caucaso for the European Centre for Press and Media Freedom (ECPMF), co-funded by the European Commission. The contents of this publication are the sole responsibility of media partner Mediapool.bg and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.

 

 

 

 

 

 

 


Кристина Атовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.