Ископале тунел под банка и украле 250.000 долари

14.11.2017 | 18:07
Прочитано: 4251

Околу 250.000 долари и злато украле непознати лица од банка во мумбај, a кражбата ја извршиле преку тунел ископан под банката.

Тие два месеци копале тунел и ископаната земја ја ставале во близина на продавница што ја изнајмиле шест месеци порано.

Како што соопшти полицијата, ограбувачите ископале тунел долг 12 метри и еден метар широк. Грабежот за кој се претпоставува дека е изведен во текот на викендот е пријавен од вработените во банката кога во понеделникот дошле на работа.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.