iStyle – Apple Premium Reseller повторно го отвара своето реновирано продажно место во City Mall

31.05.2017 | 12:33
Прочитано: 873

iStyle повторно ја отвара својата Apple premium reseller  продавница, по реновирањето во Скопје City Mall, на 1 Јуни во 10:00 часот, нудејќи на своите клиенти можност да научат и искусат иновативни продукти и решенија од Apple, вклучувајќи Mac, iPhone, iPad и Beats слушалки и звучници со голем спектар на додатоци, сортирани во прекрасна средина, се со цел да се долови искуство за клиентите, дури подобро и од пред реновирањето.

‘Возбудата кај нас е голема за повторното отварање на iStyle – Apple Premium Reseller во Скопје City Mall, место каде корисниците ќе добијат првокласно корисничко искуство’  изјави Трајче Симоновски, генералниот менаџер на iStyle. ‘Клиентите кои сакаат да дознаат повеќе за комплетната линија на Apple продуктите, ќе добијат посебен третман од нашите многу посветени и обучени консултанти.’ 

Во iStyle – Apple Premium Reseller во Скопје City Mall, обучените консултанти се достапни да им помогнат на корисниците за сите најнови  продукти од Apple. Од новиот MacBook Pro со Touch Bar, MacBook Air – тенкиот, лесен и моќен лап топ,  фантастичните iPad и iPad Pro модели, целосната линија на iPhone моделите, вклучувајќи го прекрасниот iPhone 7, до Beats слушалките и звучниците, како и широкиот спектар на додатоци.

Средината во која што може да се допрат и лично да се искусат уредите им нуди на корисниците пробно тестирање на целосниот спектар на производи, а обучениот кадар од Apple ќе биде присутен ( во секое време) да понуди комплетни совети на сите клиенти.

На самото отварање посетителите ги очекува инзворедна понуда, голема забава и подароци.

Повеќе информации за iStyle – Apple Premium Reseller можете да добиете на istyle.mk.

 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.