Италијанската полиција заплени 2,3 тони марихуана шверцувана од Албанија

03.09.2017 | 10:51
Прочитано: 1470

Италијанската полиција запленила рекордна количина од 2,3 тони марихуана шверцувана од Албанија. Акцијата била спроведена во Сан Бенедето дел Тронто при што уапсени се 63-годишен италијански и 24-годишен албански државјанин. Според полицијата тоа е најголема колична на дрога запленета во оваа зона.

Полицијата, освен моторен чамец запленила и камион на кој требало да биде натоварена дрогата, како и 25 пластични боци полни со гориво. Албанската полиција, пак, во изминатите два дена во неколку одделени акции заплени над 1,6 тони марихуана.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.