Изборен молк пред референдумот во Гевгелија

21.04.2017 | 18:30
Прочитано: 1721
Нема простор за паника. На Кожуф се вршат геолошки детални истражувања а за отварање на рудници Македонија има законска регулатива која е построга од онаа на ЕУ. Ова е апелот на државните органи од денешната дебата во Стопанска комора каде се расправаше и најавата за отварање рудници и во Гевгелија.
 
На Кожуф се вршат детални геолошки истражувања и не се отвара рудник. Нема рпосторо за паника кај гевгеличани бидејки македонската законска регулатива за заштита на животната средина е многу строга. Ова е констатацијата од дебатата во стопанската комора каде државнито секретар за екологија Соња липиткова апелираше на смиреност кај гевгеличани.
 
Директорот на геолошкиот завод Костадин Јованов смета дека државата треба да го гледа својот интерес во одржливо експлоатирање на минералните суровини бидејки на Македонија и требат рударски капацитети.
 
Во недела во општина Гевгелија ке има референдум каде жителите ке се изјаснуваат дали да се дозволи експлоатација на минералични суровини од планината Кожуф.

Ване Трајков
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.