Израел ќе ја уништи сириската противвоздушна одбрана

20.03.2017 | 09:30
Прочитано: 4571

Израел ја предупреди Сирија да не ја употребува нејзината противвоздушна одбрана против израелски авиони откако Сиријците стрелале врз нив.

Тие претходно нападнале конвој за кој се сомневало дака носел оружје за милитантната група Хезболах.

„Следниот пат кога ќе го сторат тоа ние ќе ја уништиме сириската противвоздушна одбрана“, изјави министерот за одбрана Авигдор Либерман.

Хезболах се бори на страната на сириските владини сили во шестгодишната граѓанска војна во Сирија.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.