Извештај од САД: Екстремисти 15 години оперираат во северозападот на Македонија

10.01.2017 | 19:55
Прочитано: 5811
Пет општини - четири кои се во близина на Македонската граница со Косово,  се посебно ранливи од насилен екстремизам, забележува американскиот Институт за мир во најновиот специјален извештај. Повеќе од една третина од косовските борци потекнуваат од овие општини, што претставува 14 проценти од населението во земјава, се наведува во извештајот од Вашингтон. 
 
„Долгорочна и таргетирана радикализација, регрутација и напори за мобилизација од екстремистички мрежи финансирани од странство веќе петнаесет години се примарно активни на северот на Косово и северозападот на Македонија. Овие мрежи често се предводени од локални кадри на религисти институции од блискиот исток инволвирани во ширење на ултра-конзаервативна форма на Ислам, измешан со политичка агенда.“ - се вели во Специјалниот извештај на институтот за мир на САД.
 
Извештајот потсетува на проценката дека илјадници борци за боиштата во странство биле регрутиртани од балканските земји од 2012 година.  
 
„Важноста на овие бројки се состои во контекст на збирната популација во овие мали земји која се проценува на 19 милиони лица. Стапката на мобилизација во споредба со бројот на населението, посебно во Косово но и во Босна и Херцеговина и Македонија, се мошне повисоки од стапките во западноевропските земји кои се под влијание на феноменот.“
 
Екстензивно истражување и бројни анти-терористички операции во Косово и Македонија укажуваат на тоа дека стапката на регрутирање е резултат на таргетирана и ефективна радикализација, регрутација и напори за мобилизација од екстремистички мрежи кои повеќе од една деценија оперираат во овој конретен географиски простор. 
 
„Ова дополнително се потврдува со фактот дека Скопје, главниот град на Македонија кој е во близина на Косово, е една од првите пет локации во светот по бројот и пропорцијата на странски борци за Исламска Држава по глава на жител, според неодамнешна студија базирана на обелоденети документи од почетокот на 2016 година.“
 
Во поглед на причините, извештајот меѓу другото нотира дека „голем број од познатите борци од регионот имаат просечно или неодоволно формално образование“. 
 

Aлександар Пешев
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.