Јашари за 24 Вести: Законот за помилување е добар и се надевам дека нема да биде прифатена иницијативата за негова измена

10.03.2016 | 13:39
Прочитано: 5324

Законот за помилување и добар и се надевам дека нема да биде прифатена иницијативата за негова измена, изјави за 24 вести министерот за правда Аднан Јашари. Министерот за правда првпат ја коемнтира иницијативата пред Уставниот суд, од охридскиот адвокат Ристо Китевски, со која се отвора можност Претседателот на државата да помилува лица осудени за изборни измами, педофилија, дела против човештвото.

 

„Јас сум на истиот став као во 2009-тата кога го гласав законот во Собранието како пратеник и понатаму сметам дека тој закон е добар и се надевам дека нема да биде изменет“, вели Јашари

Одлуката на уставните судии да ја прифатат иницијативата ја крена експерската јавност на нозе, но и граѓаните кои повеќе пати протестираа пред Уставниот суд.

Дел од нив, како и опозицијата одлуката ја оцени како политичко мотивирана, бидејќи иницијатива доаѓа во време кога СЈО работи на случајот „Титаник“ во кој за изборен криминал се сомничат високи функционери на ВМРО ДПМНЕ. Сомнеж дополнително отвори и фактот што Китевски ја дели канцеларијата токму со адвокатот на екс министерката Гордана Јанкуловска, Љупчо Наумовски.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, не сакаше конкрено да одговори за коментар за иницијативата, само кажа дека неговото мислење е исто како во 2009-та.

 


Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.