Јазикот пречка во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

17.02.2017 | 20:38
Прочитано: 20393
Ќе ги сопне ли преговорите меѓу Зоран Заев и Али Ахмети новиот предлог закон за албанскиот јазик што лидерот ан ДУИ го испорача до Бихаќка. Либереал или пак закон преку кој ДУИ сака да избегне уставни измени, но пследиците да бидат како да се отвори уставот.
 
Официјално никој не открива што има во него, ниту пак сака да го коемнтира – неофицијално во СДМС се толкуа како ригозно решение, во Мал аречица пак велат тое минималното што ќе треба СДСМ да го прифати за во ДУИ да падне одлука дали пратениците ќе се потпишат за мандатот на Заев.
 
Ниту лидерот на СДСМ не скаше да открие детали за законот, вели не го ни видел, но оптимист дека ако се сепак може да се најде решение. Заев вели дека мора што поскоро да се дефинираат новата Влада и извбор на претседател на Собранието, бидејќи дишат во врат и роковите за локални избори. 
 
„Се е прифатливо што е во рамките на Уставот и сето она што претставува практична употреба на граѓаните од албанската заедница имајќи го в предвид и аспектот на граѓаните од другите заедници. Прва работа што ја гледаме е уставот, да не биде само хир и политизација“ - вели Зоран Заев.
 
Од Мала Речица пак велат законот е нивната црвена линија, го квалификуваат како либерален и закон што не предвидува менување на уставот. Според брифинзите од ДУИ името на решението останува закон  за употребата на јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните. Со него според партиски информации од ДУИ се унапредува користењето на албанскиот јазик на ниво на цела територија во комуникацијата на граѓаните со органите на државната управа, се унапредува и користењето на албанскиот јaзик во судовите, како и во Владата, каде документите од седниците треба да видат двојазични. Во однoс на Собранието од ДУИ велат се допрецизирала употребата која досега не се почитувала.
 
Дека јазикот е главната тема на маса денеска потврдува и потпретседателката на ДУИ, која е дел од тимот преговарачи на ДУИ.
 
„Во однос на точките како ЕУ и реформите во правдата ние немаме разлики, дискутираме за прашања кои се однесуваат на користење на јазикот“ - вели Теута Арифи.
 
Одговорот од СДМС ќе биде и покана за состанокот на ЦП во Мала Речица, каде и да се прифати предлогот преговарачите ан ДУИ ќе треба да ги убедат сопартијците и пратенциите дека тоа е најдобарата понуда за да се потпишат за мандатот на Заев. Од СДСМ порачуваат дека на Бихаќка решението се чешла меѓу преговарачите на СДСМ и експерти и надворешни соработниците. Рок од ДУИ велат нема, до кога ќе го чекаат Заев, од СДМС пак велат дека што се надеваат дека консултациите ќе завршат брзо.

Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.