ЈО селективно постапувало со пријавите на опозицијата

18.12.2015 | 16:42
Прочитано: 1752

Неопходно беше создавањето на Специјалното Јавно обвинителство, вели поранешниот јавен обвинител Јован Трпеновски бидејќи обвинителството на Зврлевски несоодветно и селективно постапувало со кривичните пријави на СДСМ пред да и бидат предадени на Јанева. На поднесоците од опозицијата, вели Трпеновски, скопското обвинителство не им дало примарен третман.

На денешната дебата посветена на судовите и интегритетот на судиите, Трпеновски посочи и дека Јанева се наоѓа на позиција од која многу очекуваме. Според него најголем предизвик на СЈО ќе биде да докаже дека сите навистина се еднакви пред законите а не само на хартија. Поранешната судијка во ЕСЧП Маргарита Цаца Николовска пак вели дека е речиси невозможно судиите да го зачуваат интегритетот во услови на притисоци.

Николова порачува дека првин мора да се утврди од каде доаѓа притисокот – дали се работи за општ или пак за индивидуален притисок.


Михајло Видимлиски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.