ЈОРМ: Утврден е идентитетот на лицата чии фотографии беа објавени

17.10.2017 | 20:37
Прочитано: 10649

Со помош на совесни граѓани е утврден идентитетот на лицата чии фотографии беа објавени како инволвирани во кривично правниот настан во Собранието на Република Македонија од 27 април, информира вечерва Јавното обвинителство на Република Македонија информира.

- Јавното обвинителство на Република Македонија изразува благодарност до сите совесни граѓани со чија помош е утврден идентитетот на лицата чии фотографии беа објавени. По наредба на јавното обвинителство, трите лица се лишени од слобода, се наведува во соопштението на ЈОРМ. Фотографиите и повикот до граѓаните за нивно препознавање беа објавени согласно член 277 од Законот за кривична постапка,  по претходно дадено одобрение од Основното јавно обвинителство Скопје и  во соработка со Министерството за внатрешни работи.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.