Југохром ќе почне со работа заседум месеци

12.10.2017 | 17:31
Прочитано: 708

Југохром од Јегуновце ќе биде рестартиран на крајот на мај, најдоцна на почетокот на јуни идната година, откако прво ќе ги изгради филтрите за отпрашување. Менаџментот на компанијата, Владата и синдикот на вработените, со Меморандум се обврзаа дека ќе ја почитуваат со Закон утврдената процедура и нема да ја донесат фабриката во ситуација пред одземање на А интегрираната дозвола како пред две години, кога Инспекторатот за животна средина ја затвори оти нема филтри.

„Ви ветувам дека нема да има ниту еден работен ден без поставување на филтри.“ - вели Васко Скендеровски, управител на Југохром АЛЗАР.

Со Меморандумот, според вицепремиерот Анѓушев, се овозможува сигурност за иднината на фабриката, но и се обврзува Владата дека ќе ги почитува роковите се издавање на потребните документи.

„Ќе бидат задоволниеколошките здруженија и сите граѓани кои со право имаа забелешка за работењето на Југором и фабриката ќе работи после ставањето на филтерите.“ - вели Тонско:Кочо Анѓушев, вицепремиер.

Синдикатот на вработените во Меморандумот изјави дека сите работници се подготвени да се вклучат во рестартирањето на производството во Југохром. Синдикалниот преставник Алити побара Владата да најде механизми Компанијата навреме да ги изгради филтрите со што фабриката ќе профункционира.

„Јас сум уверен дека владата ќе најде механизам за притисок врз инвеститорот да почне со вложување и да се заврши навреме да почнеме со работа.“ - вели Бајрам Алити, претседател на Синдикатот на Југохром АЛЗАР.

Југохром целосно го запре производството во ноември 2016 година, односо пред праламентарните избори, откако не го испочитува рокот за градење на филтрите кои чинат 4,5 милиони евра. Тогаш околу 800 вработени останаа без работа, и неколкупати протестираа со барање, фабриката да се рестартира и да се реши нивниот проблем.


Ирена Смиљанска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.