Јуниорките денеска против Фарските острови во квалификациите за ЕП 2017

19.03.2017 | 12:13
Прочитано: 1150
Женската јуниорска репрезентација на Македонија денеска против селекцијата на Фарски острови ќе го одигра решавачкиот натпревар за пласман на Европското првенство 2017-та. На квалификацискиот турнир во Кале, денешниот меч ќе биде решавачки за второто место во групата кое носи пласман на континенталниот собир. 
 
Вчера во вториот натпревар од квалификациите јуниорките ја совладаа Молдавија со 44:25. По стартниот пораз од Унгарија одиграа многу посигурно и ја потврдија фаворитската улога. Во првото полувреме, Македонија имаше водство од 22:10, а во вториот дел го диктираше резултатот за победа со убедливи 19 гола. Во вториот денешен натпревар, Унгарија која го осигура првото место во квалификациската група ќе игра со Молдавија.

Ивана Митровска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.