Јункер: Велика Британија треба да ги плати долговите кон ЕУ

13.10.2017 | 14:45
Прочитано: 562

Велика Британија треба да го плати она што и го должи на Европската Унија, пред да можат да ги започнат преговорите за идните односи со блокот по негово напуштање, изјави денеска претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Тој за време на посетата на Луксембург истакна дека „секој ден Британците откриваат нови проблеми, како и ние. Тоа е причина поради која процесот ќе одземе повеќе време, отколку што се мислеше претходно“.

„Засега не можеме да најдеме вистински компромис, што се однесува до претстојните финансиски ангажмани на Велика Британија. И, бидејќи не можеме да го направиме тоа, во октомври нема да може да и кажеме на ЕК дека треба да се премине на втората етапа од преговорите. Тие треба да платат, но не по неизводлив начин. Не сум обземен од желба за одмазда. Не ги мразам Британците“, нагласи Јункер.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.