Како се договарале странските инвестиции?

13.09.2017 | 17:30
Прочитано: 4329

Политика на економско шоу, а не на економски раст – вака новата Влада ја оцени политиката на привлекување странски инвестиции која ја водеше Владата на Никола Груевски.

За 10 години, владата на Никола Груевски дала 225 милиони евра народни пари за влез на 25 компании кои оствариле 20.000 вработувања. Во просек, едно работно место ја чини држававава 11.000 евра, а компаниите не добивале иста сума по вработување. Владината анализа покажала и дека поголемиот број од овие вработувања не биле нови, туку преземени од македонското стопанство. Оваа анализа ги потврди и алармирањата од економистите дека странските компании не се поврзани со македонските. Домашните добавувачи учествуваат во трговијата со само еден процент.

„Пари од кои се откажавме 69 милиони евра. еден процент странските инвеститори го трошеле за користење на македонски добавувачи. Македонија, односно ние, платила 11 илјади евра за отварање на секое од тие работни места. Ова било политика за економско шоу, а не раст.“ - изјави Бошњаковски – порпарол на Влада.

Анализата од три столба покажала дека странските инвеститори добиле речиси 26 милиони евра кеш во облик на грантови од кои 5 милони биле на име на обуки, а 10 милиони за инфраструктура, остатокот за субвенционирање работни места. Анализата на даночните и царинските ослободувања пак, покажа дека државата се откажала од над 69 милиони евра. Пари од даноците на добивка, доход, бруто плата и царина кои можеле да завршат во државната каса. Парите биле распоредувани без никакви критериуми.

„Критериумите не постоеле, преговарале министри, советници и промотори без критериуми и кога ги завршувале, влагата на Груевски ги класифицирала договорените работи, односно ја обезбедувала тајноста на истите.“ - вели Бошњаковски.

Трошоците за привлекување на странските инвеститори во кои влегува и рекламирањето, од Владата најавија дека ќе ги образложат во наредниот период. Првичните наоди велат дека за оваа цел се потрошени 130 милиони евра пари на граѓаните. Инаку, од Владата велат дека договорите со странските инвеститори се уште се на важност, а државата во целост ќе ги исполни обрските. Тоа значи дека компаниите и понатаму остануваат во Македонија со истите услови и бенефиции. Во иднина, ќе биде донесен модел во кој ќе се дефинираат јасни критериуми врз основа на кои ќе може да се добие државна помош. Во изминатиот период се појавија бројни истражувања за парите кои земјава ги дава на странските инвеститори, но поради тајноста на податоците, речиси ниту едно од нив не даде бројка ниту приближно висока колку сега пресметаните 225 милиони евра.


Кристина Атовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.