Кандидатите за градоначалници со засилено темпо на терен

12.10.2017 | 18:42
Прочитано: 597

На два дена до крајот на изборната кампања, партиите и коалициите со последни пораки до граѓаните во пресрет на локалните изборти закажани за во недела.

Ќе ги ревидираме урбанистичките планови и ќе бараме измени на Генералниот урбаниситички план, им порача кандидатот за градоначалник од коалицијата за подобра македонија Александар Наумовски на жителите на општина Ѓорче Петров.

„Ќе работиме одговорно и енергично во решавање на децениските проблеми во општината. Заедно со Градот Скопје, обезбедуваме гас до секоја куќа до секоја фамилија. Ќе ги скратиме трошоците за струја и огрев и ќе го намалиме загадувањето.“ - изјави Наумовски.

Поминавме долг и макотрпен пат додека да создадеме успешна, просперитетна и развиена општина, изјави кандидатот кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Демир Хисар, Љупчо Блажевски и најави нови 115 проекти во следните четири години.

Каде ќе биде фокусирано вниманието за идниот четиригодишен развој на Општина Демир Хисар, најилустртивно говорат 115-те нови проекти во програмата која што со вашата силно очекувана и безрезервна поддршка реално ќе ја оствариме во следните 4 години.“ - изјави Блажевски.

Бесплатен оброк за сите ученици во основно образование, ветува кандидатот за градоначалник на Струмица од редовите на СДСМ, Коста Јаневски. Меѓудругото најави и проекти за подобрување на детската заштита во општинта.

„“ Ќе ги прошириме капацитетите во градинките, ќе изградиме нова градинка во касарната и ќе ги довршиме започнатите проекти за иградба на градинките во Куклиш, Муртино и Просениково. Ќе изградиме центар за целодневен престој на деца до шест години“ - изјави Јаневски.

Кандидатот за градоначалник на Ресен од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоко Стрезовски ги повика жителите на регионот да гласаат за реализирање на нови проекти и нови дела.

„Гласајте за посилна Преспа: Заради 27-те километри нови локални патишта и улици; заради 29-те нови магистрални и регионални патишта во Преспа! Заради новиот водоводен систем во Ресен! Заради најсовременото и енергетски ефикасно улично осветлување во Општина Ресен, заради речиси сите канделабриски осветлени сообраќајни јазли во Преспа!“  - изјави тој.

Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15 октомври а ќе се спроведат во 80 општини и во Градот Скопје.


Стојанчo Мицевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.