Карпош Соколи го надигра МЗТ Скопје во неговиот дом

12.10.2017 | 20:40
Прочитано: 744

Одбраната на пехарот во кошаркарското првенство нема да оди најглатко за МЗТ Скопје. Во последниот меч од првото коло Карпош Соколи го освои „Јане Сандански“ со 85-83, меѓутоа конечниот резултат не открива дека гостите беа видливо подобра екипа барем во три од четирите периода.

Првиот го освоија со 22-16, во вториот МЗТ изедначи за кратко, на 31-31, но повторно пропадна во амбис со негатива на полувреме 33-47. Водството на гостите продолжи да расте и по големата пауза со максимални минус 18 во третата четвртина.

Последната почна со 70-59 за Карпош соколи, по што МЗТ се разбуди и се обиде да се врати, но конечните минус два беа најголем дострел.

Победата ја донесоа пет кошаркари на „Соколите“ кои имаа двоцифрени поени, предводени од Дарко Соколов со 19. Другите беа Чомагиќ со 16, Браун со 15, Николовски со 12 и Лабовиќ со 11. Убедливо најдобар индивидуалец на паркетот беше доскорашниот колега на „Соколите“, Бојан Трајковски со 34 поени и 8 скока, но немаше доволно поддршка од останатите кошаркари на МЗТ.


Владко Арсов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.