Карпош Соколи со максимални шест порази се збогува од Еврокупот на ФИБА

06.12.2017 | 22:27
Прочитано: 531

Карпош Соколи поради финансиската криза го живее најтешкиот период Со само седум играчи, од кои шест младинци го одиграа последниот натпревар во Еврокупот на ФИБА. Очекувано, во Јане Сандански загубија од унгарски Фалко со 104-43. Разликата во квалитетот беше огромна, па македонскиот претставник со шестти пораз по шест одиграни натпревари се збогуваше од ова европско натпреварување.

Атанасов со десет поени беше најефикасен, пред Најдовски со девет и Сапунџиев и Пецалевски со по осум поени. Прогрес во следната фаза од нашата група обезбедија екипите на Нижни Новгород и Солнок.


Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.