Катастрофална железничка несреќа во Египет

11.08.2017 | 20:02
Прочитано: 1542

Катастрофална железничка несреќа во Египет. Најмалку 36 лица загинаа, а повеќе од сто се повредени во директен судир меѓу два возови. Едниот патувал од Каиро, а другиот од Порт Саид, кога се судриле во северниот град Александрија.

Според официјални претставници на Министерството за транспорт, причина за несреќата најверојатно е дефект на еден возовите.  Се стравува дека бројот на жртвите ќе расте. Ова е најсмртоносната железничка несреќа во египет, по онаа од  2013 година, меѓу воз и автобус кога загинаа 27 лица, претежно деца.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.