Кичевско Бачиште завиено во црно по смртта на 3 годишниот Џеваир

20.03.2017 | 18:49
Прочитано: 7815

Кучиња скитници сѐ уште шетаат во кичевското село Бачишта, откако беше брутало искасано тригодишно дете. Локалното население е во паника поради трагедијата која го потресе селото, но и државата. Во овој случај стануваше збор за овчарски кучиња, но, влеат мештаните не е помал проблемот и со кучињата што немаат газди.

Проблемот со кучињата скитници во кичевско Бачишта трае со децении, раскажуваат дел од мештаните, но не сакаат да зборуваат во камера бидејќи денеска е погребот на малиот Џеваир Усеини.

Според информациите, кучињата кои го искасале детето се во сопственост на близок роднина на веќе починатиот Џеваир.

Од општината Кичево велат дека проблемот со кучињата е голем, особено со бездомните куќиња, но не е само кај нив. Бараат државата да им одобри пари за да се направи регионален згрижувачки центар за кучиња скитници. Енис Насуфи, шеф на кабинет кај градоначалникот на Кичево вели дека повеќе општини немаат стационар.

„Оаа проблематика е регионална и сите општини во овој регион треба да најдат решение да се изгради прифатилиште“ - вели Емин Насуфи, шеф на кабинет на градоначалникот на Кичево.

Кучињата напаѓаат и во градот. Кичевчани деновиве се во паника, се плашат да не бидат нападнати. Но, не сите жители.

Животот на тригодишниот Џеваир Усеини згасна, откако во четвртокот беше брутално нападнат од овчарски кучиња. Повредите на черепот и на градниот кош беа пресудни. Почина на скопскиот Ургентен центар. Два дена пред да биде искасан Џевахир, во кичевската болница имало уште еден пациент нападнат од кучиња, а мештаните само за годинава паметат четири вакви случаи. Неодамна од напад на животни настрада и 61 годишен жител на скопско Кожле. Обдукцијата не откри дали го напднале кучиња или диви животни.


Игор Стефановски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.