Ќар или штета од дисперзираните студии?

19.06.2017 | 18:43
Прочитано: 2753
Одлуката за замрзнување на дисперзираните студии е очекувана и логична -велат дел од студентите и професорите. Минатата власт без консултација и анализа ги спроведе како образована реформа која не даде резултати-велат од младинскиот образовен форум.
 
„Оваа форма на дисперзирани студии донесе голема загуба на квалитетот и трошоци. Се покажаа дека има 57 милиони загуба поради оваа реформа се покажа во истражувањата“ - вели Сандра Анастасовска - претседател на Ммладински образовен форум. 
 
Дел од професорите  велат дека  дисперзираните студии беа скап проект кој не доведе до квалитет.   
 
„Приказната за овие струдии е тотален крах. Факултетите и универзитетите кои нудеа такви стуудии беа еден вид политички амбасади на нашите партии.“ - вели Али Рајазити професор на Југоисточна Европа.
 
„Овие студии го руинираа квалитетот на високото образование, затоа што и оние малку ресурси кои беа ставени на располаќање, се расплинаа и се импровизираше во однос на просторот, опремата и луѓето. Наставниците се претворија во некои вид на патувачки каравени кои одеа од еден во друг град“ - вели Зоран т. Поповски - професор на факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје.
 
Според  дел од податоците на министерство за образование и наука, во учебната 2014/2015 година се пријавиле 17 кандидати на правниот факултет за дисперзираните студии во тетово, а во следната  година се пријавиле тојца кандидати. Во 2017 година се пријавиле 6 кандидати. 
 
На економски факултет - Скопје, за учебната 2014/2015 година ниеден студент не се запишал на дисперзираните студии во Тетово, а 16 студенти се пријавиле на дисперзираните студии во велес.
 
На земјоделски факултет – скопје во последните три учебни години и покрај тоа што постоеле дисперзирани студии на истите немало пријавено кандидати, а конкурсот бил редовно објавуван.
 
За учебната 2015/2016 година ниеден студенти не се запишал на дисперзираните студии во Струга, тројца студенти се пријавиле на дисперзираните студии во Кавадарци, а следната студентска година ниеден студент не се запишал на дисперзираните студии во овие два града. 

Сунаи Сабриоски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.