Ќе има ли промени во РКЕ?

19.06.2017 | 18:45
Прочитано: 2930
Членовите на Регулаторната комисија за енергетика работеле во интерес на партиските и бизнис интереси, а на штета на граѓаните, кои плаќаат поскапа струја поради тоа, обвини власта. Но, за нови членови на РК ќе чека на актуелните да им измине мандатот. Раководството, пак, тврди дека комисијата е независно тело кое работи законски.
 
Оваа комисија е по слуѓба на тогашната власта, пред се партиски и семејно и ќе видокажам зошто. Вие како претседател на оваа комисија дојдовте од партиска функција на ВМРО-ДПМНЕ од Кратово и тоа го сметаме за целосна партизација на оваа комисија“, изјави Васко Ковачевски, СДСМ.
 
„Тоа е превземено како одредба во законот за енергетика, дефинирано е согласно директивите и начинот нак ои се бираат членовите, процедурата е слична како во сите еверопски земји“, изјави Димитар Петров, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.
 
Кој е виновен за одложувањето на либерализацијата на струја и кој ќе плаѓа поени за тоа - власта и опозицијата во собранието го вперија прстот едни во други. 
 
„Тогашбиот предлог закон кој беше доставен значеше продолжување на монополската улога на пазарот на струја што овозможи на одредени  луѓе и фирми да се збогатуваат на грбот на потрошувачите во интерес на врхушката на власт. “, изјави Томислав Тунтев.
 
„Ако сметате дека тоа ќе донесе бенефит до граѓаните уштре утре донесете законот и поминете го во Собранието и целосно ќе биде либерализиран пазарот. Ниту Регулаторна, ниту ние како опозиција ви пречиме во тоа.“, Цуклев.
 
Инаку пратениците го разгледуваа годишниот извештај на регулаторната комисија. Лани комисијата имала расходи во вкупен износ од 2 милиони и 123 илјади евра, или 196 отсто повеќе од планираното. Средствата главно оделе за плати и надоместоци или половина милион евра. Најголем процент се потрошени за барокното здание во исечениот парк спроти Бристол, кој Комисијата го гради во соработка со други институции. За оваа намена биле потрошени вкупно еден милион и двесте илјади евра. 
 
Инаку новата власт предводена од социјалдемократите најави намалување на цената на струјата и враќање на ефтината тарифа. 

Маја Васева
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.