Ќе се гради ли хидроелектраната во Маврово?

11.09.2014 | 17:29
Прочитано: 1610
Меѓународната петиција на која се потпишаа 100 илјади граѓани  против изградбата на хидроелектраните во Маврово нема да го запрат проектот.  
 
Петицијата стасала до премиерскиот кабинет, од Владата останува на ставот дека се работи за стратешки енергетски проекти за економијата . Сега се чекаат наодите на еколошката студија на Светска Банка. 
 
Доколку започнат било какви градежни работи во мавровскиот регион екологистите велат дека од меѓународната заедница веќе добиле закана за одземање на сатусот на Маврово како национален парк.
 
На крајот од овој месец се очекува да биде готова и еко-студијата на Светска банка – која е  финасиер  на проектот Луково поле. Од Светска банка за 24 Вести веќе посочија  :
 
"Како и сите други проектни студии за проценка на влијанието врз животната средина и социјалниот аспект на Светска банка, резултатите од анализите и дополнувањата при консултациите се основни услови за донесување одлука од страна на Банката. Нашата работа на Студијата не значи дека сме донеле одлука за финансирање на Проектот Луково поле. "
 
Иако технички, меѓународната петиција успеа со собрани сто илајди потписи , последниот збор за изградба на електраните сепак  ќе го даде  Владата. Сучајот со националниот парк Маврово осамна и  на   германски Шипгел со наслов хидроенергетска битка – браните се закана за последните европски диви реки .
 

Иле Петревски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.