Ќе се менува системот за исплата на социјалната помош

17.10.2017 | 18:32
Прочитано: 1772

Секој ден, нова мака, нов предизвик, како да се врзе крај со крај. Како без пари да се прехрани смејството. Битката за преживување е реалност за голем број луѓе.

Македонија го одбележува Светскиот ден за борба против сиромаштијата, со поразителни стаистики. Секој петти граѓанин живее во сиромаштија – што значи дека нема пари да ги задовили ниту основните животни потреби . Според последните мерања стапка на сромашни во Макдонија изнесува 21,5 отсто. Во изминатите години, сумата на социјална помош растеше – но и со овој тренд, Макеоднија не одлепи од европското и од светко ниво според бројот на сиромашни граѓани.

„Една од можните мерки е висината на основицата напаричната помош да биде поврзана со висината на минималната плата зависно од бројот на домаѓинствата кои живеат или се членови на тоа семејство.“ - вели проф. д-р Маја Геровска Митева, Филозофски факултет Скопје.

Министерството за труд и социјална политика сега ќе прави увид во наодите од истражувањато и ќе има интервенции онаму каде што е потребно.

„Сите давања од државата треба да ги следат зголемувањето на платата, трошоците за живот и стандардот и паричната помош треба да се прилагодува врз тие критериуми.“ - вели Елми Азири, заменик министер за труд и социјална политика.

Статистика обелодени дека најранливи од сиромаштијата се многудетните семејства – оние со три, или повеќе деца. Додека од една страна институциите најавуваат битка со немаштијата, од друга страна загрозените семејства помошта ја бараат преку медиумите апелирајќи за донации.


Ирена Смиљанска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.