Кливленд со историски пресврт до 3-0 во плеј-оф серијата против Индијана, Леброн го надмина Коби на вечната листа на стрелците

21.04.2017 | 13:26
Прочитано: 1322

Во плејофот на НБА, Мемфис намали на 2-1 во серијата против Сан Антонио. Милвоки пак со 2-1 поведе над Торонто, а Кливленд го оствари најголемиот пресврт во историјата на плејофот откако ја совлада Индијана за 3-0 во серијата.

Леброн Џејмс беше јунакот за големиот пресврт на Кливленд во третиот плеј-оф дуел против Индијана. Иако домаќинот губеше со 26 поени на почетокот во третиот квартал, до крајот успеа да слави со 119-114. Леброн запиша трипл дабл од 41 поен, 13 скока и 12 асистенци, а со овој учинок го надмина Коби Брајант на вечната листа на стрелците во плејофот. Сега Џејмс е трет со 5.670 поени, зад Карим Абдул Џабар со 5.762 и Мајкл Џордан на врвот со 5.987 поени.

Џејмс го запиша и 17. трипл-дабл во овој дел од натпреварувањето, за него деветти со над 30 поени, доволно за да го мине и Оскар Робертсон, кој има еден помалку. Со вкупниот број на трипл-дабл учиноци во плеј-офот само Мајкл Џордан има 30.

Мемфис намали на 2-1 во серијата против Сан Антонио. Славеше победа со 105-94, прва во плејофот по 2011-та година. Мајк Конли ги предводеше со 24 поени и 8 асистенции 

Домашниот терен значеше триумф и за Милвоки 104-77, но и водство над Торното со 2-1 во серијата. Овој пат Крис Мидлтон се истакна со 20 поени и 7 асистенции. 

 

Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.