Коѕиас имал „интересна и сериозна“ средба со Нимиц

17.07.2017 | 20:27
Прочитано: 3064

Имав многу интересна и сериозна средба со господинот Нимиц, кој неодамна престојуваше во Скопје и тој ме информираше за тоа какво е расположението таму, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас по средбата со медијаторот во спорот со името Метју Нимиц.

Како што соопштија од грчкото министерство за надворешни работи, Коѕијас го информирал медијаторот за ставот на атина по средбите кои грчките власти ги имале со новата македонска влада и дека е договорено да се продолжи да се бараат начини кои ќе доведат до конечно решение на спорот.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.