Кој даде налог за претрес кај Панчевски – Вангеловски и судски совет итно во гевгелискиот суд

12.10.2017 | 18:52
Прочитано: 13599

Зошто налогот за претрес на кабинетот и домот на екс претседателот на скопска единица, Владимир Панчевски, доаѓа од гевгелискиот суд, а не од Кривичен? И дали истиот е законски?

Ова е најверојатно причината заради која претседателот на Врховен, Јово Вангеловски и членови на Судскиот совет предводени од Караџовски, вршеле увид во гевгелискиот суд кој го даде налогот на СЈО. Портпаролката на судот, заради закажани судења, не беше во можност да објасни има или не, контрола. Ниту првиот човек на гевгелискиот суд не беше достапен да одговори, дали, зошто и за кој предмет се прави контрола. Oд Врховен и судски совет  иако тоа е надлежност на советот за утврдување на факти како тело каде пристигнуваат поплаки за работењето на судиите.

Во судот во Гевгелија никој не сакаѓше да потврди, ниту да одговори, дали и зошто се правела контрола од трана на претставници на највисоките судски власти во земјата. Дел од вработените на заминување  од судот, првпат слушнале дека Вангеловски  и Караџовски биле во посета. Други тврдат дека дошле во 11 часот  и во рок од два часа си заминале. Ниту Вангеловски, ниту Караџовски не одговараа на телефонските повици. Двајцата треба да утврдат дали судот во Гевгелија, донел исправна одлука за претресот во домот на Панчевски, за што има поднесено представка до Судкиот совет. Според правните експерти, Вангеловски со правни преседани имаше неколку спасувачки мисии, ова е нов обид да се спаси Панчевски од евентуална одговорност.

Иако комисијата при министерството за правда  има откриено злоупотреби на Акмис системот за распределување насудските предмети. СЈО вршеше претрес во канцеларијата и домот на Панчевски заради сомневање декасотрил кривично дело, одавање службена тајна и дека се местеле предмети преку Акмис системот.


Ване Трајков
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.