Кој ќе биде профитот од Супер купот

08.08.2017 | 19:04
Прочитано: 4446

Какви ќе бидат економските ефекти од големата посетеност на странските фудбалски фанови за локалните компании? Иако се работи за настан кој има само еднодневен пик, и евентуално пратечка висока посетеност од три дена, сепак некои бизниси одлично ќе профитираат од Суперкупот. Ова пред се се однесува на хотелите, но и на големиот број на слободни сместувачи кои издаваат објекти на Интернет.

Проценките се дека во Скопје за Суперкупот се дојдени околу 20.000 странци. Се очекува дека тие ќе потрошат 2,1 милион евра. Најголем ќар ќе имаат сместувачите. На нивните сметки ќе легнат 900 илјади евра. Половина милион евра ќе соберат локалните кафулиња, а 600 илјади евра ќе инкасираат рестораните. Таксистите околу 60 илјади евра, а маркетите 80 илјади евра.

„Прометот е доста голем за разлика од другите денови. Како што се наближува часот за натпреварот прометот се повеќе расте“.
„Добар профит. Пред се добар профит“, велат дел од угостителските работници.

Од Скопската пивара очекуваат продажбата на пиво да се зголеми за повеќе од половина,  а продажните тимови се во мобилна состојба во секое време да обезбедат и дополнителни количества.
Освен во центарот на градот Суперкупот ги наполни објектите и во периферијата, како и во околните градови, Велес, Куманово. Цената на ноќевањата беше удвоена, а во некои случаи повеќепати повисока од редовната. И цените на угостителите се зголемени.

„Некои цени пораснаа некои останаа исти, така да има промени доста“.
„Цените останаа исти, исти се цените и пред и за време на Суперкупот“, велат дел од угостителските работници.

Околу стадионот мала вода се продава за 150 денари, а безалкохолно пиво за 250 денари.
Од Суперкупот ќе заработи и државата. Доколку странците добиваат фискална сметка, по основ на персонален данок и данок на добивка УЈП ќе собере околу 300 илјади евра, со што нето добивката што би им останала на угостителите и хотелиерите би паднала на нешто повеќе од 800 илјади евра.


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.