Командант Соколи: Полицајците не ги убивме ние, туку нивни колеги од МВР

23.02.2017 | 11:01
Прочитано: 55830
Специјалците кои загинаа во Диво Насеље биле убиени од свои колеги – со ваков исказ првообвинетиот Сами Ушкини алијас Командант Соколи ги шокираше присутните во судницата во Врховниот суд.
 
Тој рече дека неговата група била подговена да се предаде, но тогашните челници на МВР одбиле такво нешто. Адвокатите порачаа дека денеска треба да бидат испрашани сите 37 обвинети, а потоа ќе се повикуваат сите кои ќе бидат споменати од обвинетите. 
 
„Во нив е пукано од нивните колеги-полицајци со тешко оружје. Можам да кажам дека предводници на групата која беше во Диво Насеље беа Бег Ризај и Мирсад Ндрцај. Јас во населбата дојдов на 3 мај по повик од мојот пријател Џафер Зумбери. Ги молев Мирсад и Бег да си заминат од населбата но тие одбија. Еден член од групата, Шефќет Калачи, на 9 и 10 мај преговараше со ОБСЕ целата група да се предаде. Но, од ОБСЕ ни беше кажано дека и после 3 часа преговори, челниците на МВР одбивале да се предадеме.“
 
И ова рочиште како и минатото беше отворено за јавноста. Минатиот пат, адвокатот на обвинетите рече дека ќе бидат повикани и политичари бидејќи дел од обвинетите изјавија дека комуницирале со нив. Али Ахмети, Артан Груби и Митко Чавков се дел од сведоците кои најверојатно ќе бидат повикани да дадат исказ пред судот. Чавков изјави дека ќе се појави во судница кога ќе биде повикан. Во дводневната престрелка во кумановско Диво Насеље загинаа осум припадници на македонската полиција и десет припадници на вооружената група. Два дена по полицикста акција, оставки поднесоа министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и шефот на УБК, Сашо Мијалков. Нивните оставки, како што тогаш информираа, не беа поврзани со вооружената акција туку со политичката криза.
 

Кристина Атовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.