Комплетирани полуфиналните двојки на Мастерсот во Монтреал

12.08.2017 | 10:58
Прочитано: 1457

На тенискиот Мастер турнир во Монтреал познати се двојките за полуфиналето.

Швајцарецот Роџер Федерер ќе игра против Робин Хасе, додека Денис Шаповалов за противник ќе го има Александар Зверев.

Федерер во четвртфиналето во меч кој траеше 1 час и 10 минути во два сета го победи Роберто Баутиста Агут од Шпанија, па во полуфиналето Швајцарецот за противник ќе го има Робин Хасе од Холандија, кој во три сета беше подобар од Диего Себастијан Шварцман со 4-6, 6-3 и 6-3.

Домашниот тенисер Денис Шаповалов кој го претходно го елиминира Рафаел Надал продолжува со добрите настапи па во четвртфиналето во три сета 2-6, 6-3 и6-4 го победи Адријан Манарино (Франција).
Неговиот противник во полуфиналето Германецот, Александар Зверев исто така одигра три сета против Кевин Андерсон од Јужна Африка, а мечот по сетов заврши со резултат 4- 6, 6-3 и 6-3.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.