Конференција за слободата на медиумите во Виена

03.03.2017 | 13:05
Прочитано: 2848

Хипокризија е петседавачот со ОБСЕ, Себастијан Курц да зборува за слобода на медиумите кога тој ја подржа партијата на Груевски, која ја доведе Македонија на дното на листата на Репотери без граници, рече Јета Џара од мрежата на Балканско истражувачко новинарство.

„Од почетокот на конференцијата се чувствувам малку непријатно, бидејќи првиот говор беше на Себастијан Курц, кој зборуваше за слободата на медиумите на Западен Балкан и колку ОБСЕ и Австрија се сериозни околу тоа. А, тоа е истиот човек кој учествуваше во политичката камшања на Груевски, човекот кој е најозогласен на целиот Балкан за нападите на новинарите“ – посочи Џара.

Претходно Курц ја отвори денешната конференција на високо ниво слобода на медиумите на Западен Балкан.

„Ова е непоходен прв чекор за одговорност и медиумите се наречени четвртиот столб на демократијата, а тоа професионалниот и независен медиум“ – рече Курц.

ДуњаМијатовиќ чиј мандат како петставник на ОБСЕ за слобода на медиумите завршуа, рече дека промени во опшетствата не се можни без политичка волја.

„И покрај сите резолуции на ОН, заложби и декларации, ситуацијата не се менува и тоа е поради недостаток на политичка волја“ – рече таа.

Од претставниците од Македонија, зборуваше заменик министерот за информатичко општетство Тимчо Муцунски, кој се осврна на саморегулацијата и рече дека за нив како влада, битно е новинарите да зборуваат вистина. Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани истакна дека предуслов за слобода на медиумите е новинарите да се чувствуваат безбедно, а во Македонија тие се тепани, затворани и прислушкувани. Обвинителството и полицијата не превзема соодветни мерки.

This publication has been produced within the partnership with Osservatorio Balcani e Caucaso for the European Centre for Press and Media Freedom (ECPMF), co-funded by the European Commission. The contents of this publication are the sole responsibility of media partner Mediapool.bg and can in no way be taken to reflect the views of the European Union. 

 


Ида Протугер
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.