Конгрес во Валандово, централен комитет во сабота

06.12.2017 | 17:29
Прочитано: 7913

В сабота Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ треба да ја потврди одлуката за вонреден конгрес на кој треба да се констатира оставката на Никола Груевски, но и да се избере негов наследник.

Партиските функционери воздржани, но во ВМРО-ДПМНЕ постојани координации и консултации и групирања во пресрет на брзиот состанок на највисокото партиско тело, кое по речисио 15 години треба да го прати Никола Груевски во партиската историја.

Според информациите, новиот лидер на ВМРПО-ДПМНЕ ќе се избира да биде во Валандово. Христијан Мицковски, актуелниот генерален секретар, според партиските брифинзи е речиси извесен кандидат за нов претседател и неофицијално и фаворитот на лидерот, иако Груевски денeска одби да каже зад кого ќе застане.

Од друга страна, се функцинерите кои со години се ударни тупаници во ВМРО-ДПМНЕ – Илија Димовски, Никола Попоски, Антонио Милошоски, кој од нив и дали сите или пак заеднички за еден кандидат ќе ја бараaт довербара од делегати, никој не открива.

Велат рано е да се коментира, или пак да се типува, бидејќи пред да почнат да се официјализираат кандидатите, мора да помине состанокот на ЦК, по што од недела веќе се очекуваат кандидатурите. Тв 24 веќе објави дека дека новиот лидер ќе добие и потпретседатели, а новиот генерален секретар ќе има повеќе моќ, ќе сменува и партискиот статут за партијата да се децентрализира, но и лидерот да добие заштита од самиот себе.

Паралелно со подготоивките за конгрес, во најголемата опозициска партија треба да се пресече како пратеничката група, кој во моментов го бојкотира Собранието ќе продолжи да фунцкионира, односно дали официјално ќе го напушти законодавниот дом и ќе се радикализира надвор, што би значело и бојкот на останатите институции, како што е случајот со локалните совети или пак пратениците ќе го блокираат собранието од внатре нешто што се случуваше пред локалните избори, велат засега нема конечна одлука.

Според партиски извори најверојатно конечната одлука за идното опозициско делување, да го чека и новото раководство, бидејќи може да се доведе во прашање кредибилноста на одлуката со лидер во оставка.


Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.