Координација за договор околу точката за разрешување на Зврлевски

17.07.2017 | 20:28
Прочитано: 10763
Точката за разрешувањето на Марко Зврлевски официјално и формално е заглавена, бидејќи со влегувањето на ребалансот на буџетот на комисиска расправа, се во Собранието е фокусирано токму на оваа точка. Сепак, според информации на телевизија 24, спикерот Талат Џафери во наредните денови ќе се обиде да направи координација со пратеничките групи, со цел да постигне концензус или некаков договор за да продолжи расправата за предлогот за разрешување на Зврлевски. Собраниски извори велат дека доколку Џафери добие зелено светло, седницата за разрешувањето на зврлевски ќе биде закажана во сабота.
 
Инаку, денеска започна комисиската расправа за ребланскот на буџетот. Развоен или популистички буџет? Меѓу овие дилеми се движеше расправата меѓу власта и опозицијата. Министерот за финансии Драган Тевдовски тврди дека со ребалансот ќе бидат скратени   непродуктивните трошења, а опозицијата обвини дека се кратат пари за важни проекти. Со ребалансот се кратат 47 милиони евра, а растот е предвиден со проекција од 2,2 отсто од БДП. Најмногу пари се кратат во министерството за образование и министерството за внатрешни работи. 

Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.