Кривична пријава за екс градоначалникот на Ново село, не го вратил службеното возило

13.11.2017 | 18:37
Прочитано: 1748

Нова кривична пријава заработи поранешниот градоначалник на Ново село. Полицијата го товари дека Блажо Велков се „послужил“ со службениот автомобил и по истекувањето на мандатот. Според СВР Струмица иако немал ингеренции тој на 18 ти март си изготвил патен налог и следниот ден со сопругата заминале за Скопје по приватни потреби.

„Иако знаел дека му поминалмандатот како градоначалник, истиот ден кога му е врачено уверението на новиот градоначалник, одвбил да изврши примопредавање на моторното возило сопственот на општината и изготвил налог за патување со службено возило и заминал за Скопје за приватни потреби.“ - Хризантема Рендевска – СВР Струмица

Екс градоначалникот се товари за за две кривични дела „послужување во службата“ и „посебни случаи на фалсификување исправи“. Велков одговори дека ова е политичка хајка против него и дека во моментот кога тргнал на пат за Скопје сеуште ја извршувал градоначалничката функција оти примопредавањето на функцијата било закажано неколку часа подоцна.

Блажо Велков во предизборието заработи кривична пријава оти дозволил со службено возило на вработени во општината да превезуваат изборен пропаганден матријал


Ване Трајков
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.