Кривична пријава за екс раководството на Агенцијата за филм

06.12.2017 | 18:27
Прочитано: 940

Поранешната директорка на Агенција за филм Мими Ѓоргоска Илевска, заработи кривична пријава за злоупотреба на службената должност и овластувања при снимањето на играната серија Македонија. Пријавата е поднесена во Основното јавно обвинителство од Управата за финансиката полиција. Според директорот на Управата, Арафат Муареми, директорката го оштетила Буџетот за 1,1 милион евра, во корист на лицето. В.Г. државјанин на Хрватска и видеопродукцијата Јадран Филм од Скопје.

„Во период од 26.20.2016 до 18.92017, со пречекорување на своето службено овластување, склучила анекс договор со кој извршил промена на условите на основниот договор за финансирање на проектот во вредност од 283 милиони денари, при што го намалил бројот на епизодите од 130 на 80, а без притоа да изврши намалување на цената“ - изјави Арафат Муареми, директор на Управата за финансиска полиција

Ѓоргоска Илевска во изјава за ТВ 24 ги отфрла тврдењата за посочените злоупотреби.

„Апсолутно ги отфрлам како неосновани овие тврдења и би сакала да потенцирам дека предистражната постапка може да се покрене за било кое лице по барање на некој орган или пријава. Верувам дека Основното јавно обвинителство ќе ја провери фактилката состојба и ќе се увери дека сите постапки поврзани со серијата Македонија се законски и спроведени согласно Законот за филмска дејност. Со подетален аргументиран исказ со соодветна документација ќе настапам пред надлежните органи.
Основното јавно обвинителство енеска најави дека ќе постапува по кривичната пријава во врска со снимањето на играна серија.“ - вели таа.

„Како што веќе информиравме, за овој случај Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по известување од Управата за финансиска полиција, минатиот месец отвори предистражна постапка, денешната кривична пријава е земена во работа и по истата се постапува.“

Новото раководство на Агенцијата за филм реагираше дека и покрај роковите кои се истелени Јадран филм нема доставено никакви материјали. Единствено што се објави на социјалните мрежи беше трајлер и една сцена за која продукцијата тврдеше дека е забранета.

 


Ирена Смиљанска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.