Кривична за двајца вработени во штипскиот катастар

06.12.2017 | 17:34
Прочитано: 2518

Двајца вработени од штипскиот катастар заработија кривични пријави од полицијaта. Дозволиле да се впишат 176 метри квадратни повеќе од површината предвидена со проектот за реконструкција на Трговскиот центар во Штип. Полицијата ги сомничи за несовесно работење во службата бидејќи впишувањето на сопственичкото право во

Катастарот на 20-ти Април годинава го направиле и покрај тоа што знаеле дека предобележувањето на новата состојба не била во согласност со проектот и квадратурата не се совпаѓа. Според полицијата поголемата впишана квадратура на правните лица што ја вршат реконструкцијата им донела противзаконска имотна корист од близу 25 милиони денари или 400 илјади евра.

Реконструкцијата на Трговскиот центар во Штип уште од самиот старт почна со кршење на Законот за градење. Претходната локална гарнитура издаде одобрение за градба но и покрај тоа што имаше обврска, не ги извести останатите сопственици на деловен простор да ги кажат своите забелешки на основниот проект.

По тужбите поднесени од сопствениците на деловен простор беа поништени дел од градежните одобренија и постапката за нив почна од почеток. Со тоа сега изградениот Трговски центар практично е дивоградба. Од адвокатскиот тим на заинтересираните сопственици уште од стартот на реконструкцијата предупредуваа на кршење на Законот и најавија кривична разврска на случајот.


Виолета Кожинкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.