Кујнски смарт-уреди за домаќинство, ладилник предлага рецепти и ги испраќа до смарт - рерната

17.01.2018 | 10:54
Прочитано: 745

Откако го претстави својот „паметен“ шкаф, кој „се грижи“ за облеката, ЛГ се зафати и со другите делови од мебелот.

На Шоуто за потрошувачка електроника 2018 е претставен концептот за кујната на иднината, со „паметен“ ладилник „InstaView ThinQ“, печката „EasyClean“ и машината за садови „QuadWash“.

Смарт-ладилникот има 29-инчен ЛЦД екран и има опција да предлага рецепти, во зависност од производите што се наоѓаат во него. Откако ќе го изберете рецептот, тој автоматски се испраќа до смарт-рерната.

Додека готвите, системот пушта музика, со помош на „Амазон мјузик“, „Ај-харт Рејдио“ и други музички платформи, а пак, храната во ладилникот може да се следи благодарение на камерата „PanoramaView“, Таа го снима и секој оној кој го отвора ладилникот.

Смарт-печката има опција да се вклучи со далечинско управување или на тајмер. Смарт-машината за садови пак, е поврзана со другите смарт-уради за домаќинство, па така, таа „знае“ од што се извалкани садовите и како да ги измие.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.