Лашко станува дел од портфолиото на Пивара Скопје

17.03.2017 | 18:07
Прочитано: 3104
Пивото со најдолга традиција и препознатливост на Балканот – Лашко Златорог - станува дел од широката палета на пивски брендови на Пивара Скопје.
 
Лашко е легендарно пиво со повеќе од 190 годишна историја кое потекнува од Словенија. Квалитетните и природни состојки од кое се произведува му даваат на пивото специфичен вкус, добра избалансирана горчина и лесна пивливост. Тоа се дел од уникатните карактеристики по кои ова пиво е добро познато и на македонскиот пазар.
 
Благодарение на развиената дистрибутивна мрежа на Пивара Скопје, Лашко ќе биде лесно достапно до сите консументи и тоа во стаклена амбалажа од 0,33л и 0,5л, во лименка од 0,5л. и во пластична амбалажа од 1,5л.
 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.