Лажна телефонска пријава за бомба во банка во Скопје

12.08.2017 | 15:18
Прочитано: 2489

Непознат сторител телефонски лажно пријавил дека има поставено бомба во банка лоцирана на улицата „Народен фронт" во Скопје. По проверка на екипа за Антитероризам не е пронајдена екслозивна направа.

Како што инфомира МВР, утринава во 9:35 часот вработен во банка пријавил дека во два наврати во банката се јавило непознато машко лице, кое на српски јазик кажало „Излезете надвор има нешто околу банката", а потоа додало „Тоа е бомба".

Од страна на екипа за Антитероризам излезено е на местото на настанот, при што извршена е целосна проверка на објектот на банката и на поблиската околина при што не е пронајдена екслозивна направа.

Се работи на целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на лицето кое лажно пријавило.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.