Лицата со попреченост бараат работно ангажирање

07.12.2017 | 14:38
Прочитано: 476

Завршна конференција за проектот „Пилот акција за пристап кон правата на работа на лицата со хендикеп“ се одржа денеска во организација на движењето против хендикеп ПОЛИО ПЛУС. Целта на проектот е да се смени размислувањето при работното ангажирање на лицата со попреченост.

Многу често при вработувањето, работодавците прават проценки колку овие лица не може да придонесат во работата наместо колку можат, велат од здруженијата. Бараат да се премости јазот помеѓу здравствената и работната способност на лицата со попреченост.

 

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.