Лидија Неделкова нов претседател на Врховниот суд

04.12.2012 | 18:24
Прочитано: 5363

Втора среќа за Лидија Неделкова. Едногласно судскиот совет на итна седница даде  поддршка на екс првата дама на скопска единица, да седне во првата фотелја на Врховниот суд. Претседател доби и Кривичниот суд, одсега ќе го води Валдимир  Панчевски, судија по организиран криминал.

Највисокиот суд неколку месеци функционираше со времен претседател, откакко Јово Вангеловски се откажа од трката по завршувањето на мандатот, а Неделкова не ги доби потребните галсови за да го помине филтерот.

Претседателката на судскиот совет  порача дека имале укажување од Брисел да се изберат кандидати. Зафировска велат дека немало зднина што итно се избрани претседателите, ден пред да се бираат нови членови на судскиот совет утре. Не сакаше конкретно да одговори што значи дека иамо договор и меѓу кого.

Зафировска не гледа ниту политика во изборот на кандидатите, иако кога пропадна првиот пат изборот, опозицијата обвинуваваше дека главната причина за неизборот е внатрепартиски несогласувања кој да го наследи кумот на собарсниксиот спикер, во врховен суд.

Лидија Неделкова го водеше кривичниот суд од 2009-та. Стана позната во јавнсота по случаите на Љубе Бошкоски и Пајажина. Токму според опозициајта овие два случаи, според опозицијата, беа отскочна даска за Неделкова во март годинава да стане најпрвин врховен судија, а потоа и претседател на највисокиот суд во земјава.


Душица Мрѓа

Коментари (4)

Анонимен

Резултатите и активностите говорат за човекот и неговите способности а не празните олајувања. Лидија Неделкова стана позната во јавноста не по Пајажина и Љубе Бошковски како што ДЕЗИНФОРМИРАТЕ туку по сите рефорни кои ги спроведе во Основен Суд 1 КОЈ КОНЕЧНО ПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА ПО ЗАКОН и е единствен суд во моментов во РМ во кој се почитуваат сите одредби од Закон за судови. погледенете ги останатите Судови на што личат- нема објави на пресуди (што е задолжително од 2011 година) нема никакви информации туку веб страните им се застанати во 2011 година. Честитки за Неделкова! Таа е единствениот способен човек кој ја заслужува оваа функција според постигнатите резултати. А на злобниците да им е јасно дека доста е од шарлатани во Судството кои го загорчија животот на народот. Најнеспособните и најкорумпираните кадри во Судството се назначени во периодот пред 1992 и до 1996 (сосе целата војска судии назначени преку ноќ од сегашната опозиција). Неделкова е единствена која се докажа СО РЕЗУЛТАТИ а не со кафански муабети.

11

struzanec

sto li ce ni se sluci uste so ovie ludje ovaa zena gi slusase naredbite na puemieot i sega ja nagraduva so ovaa funkcija no kade e cesnosta

11

Далај Лама

ДОБРО ОДРАБОТЕНОТО НЕКОЈ ГО *ЦЕНИ*И ГО НАГРАДУВА.....ВЕЌЕ ВИДЕНО ОД ПРЕТХОДНИТЕ ВЛАСТОДРЖЦИ

11

Анонимен

MILF

11
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.