ЛШ: Барселона немаше сили, Јувентус заедно со Монако им се приклучија на Атлетико и Реал Мадрид во полуфиналето

19.04.2017 | 23:21
Прочитано: 3158

Барселона едноставно немаше решение за Јувентус по оној пораз во Торино со 3-0. На Камп Ноу каталонците во свој претпознатлив стил, со доминација на теренот во текот на целиот натпревар, создадоа многубројни шанси, но ниту една не заврши во мрежата на Буфон.

Ниту старата дама иако имаше шанси да ја запечати судбината на домаќинот преку неколку контранапади, немаше сигурна реализација, па со мирна игра и стабилна одбрана успеа да го сочува високиот домашен триумф. Натпреварот заврши 0-0, а Јувентус на овој начин и се реваншираше на Барселона за поразот во финалето 2015-та.

Француската сензација во шампионската лига уште еднаш ја потврди фантастичната форма Ммонако на домашен терен по втор пат ја совлада Борусија. По оние 3-2 во Дортмунд, во монако, домаќинот славеше со 3-1..уште во првото полувреме го заверија пласманот во полуфиналето со головите на Мбапе во 3-тата и Фалкао во 17-тата минута. По три минути игра во вториот дел гостионот успеа да намали со погодокот на  Ројс, но резервистот Џермејн само што влезе во игра во 81-та минута, првиот допир со топката го претвори во гол за конечни 3-1.

Атлетико, Реал Мадрид, Јувентус и Монако ќе ја чекаат ждрепката за полуфиналето во Лигата на шампионите.


Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.