Македонија доминира во Европската лига – и Шведска падна во „Кале“

18.06.2017 | 23:36
Прочитано: 2194

Македонската одбојкарска репрезентација ја победи и Шведска и со максимални три победи го заврши турнирот од Европската лига кој се одржуваше во Скопје.

По Азербејџан и Албанија, во „Кале“ паднаа и Скандинавците, овој пат со 3-1 во сетови. Шведска пружи отпор само во првиот сет кој го доби со 26-24, во продолжението од мечот Македонија заигра многу подобро и следните три ги доби со 25-17, 25-18 и 25-18 за уште една сигурна победа.

На турнирот во Албанија патуваме со максимални три победи и ќе ни биде потребен само уште еден триумф за пласман во полуфиналето од Европската лига.


Владко Арсов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.