Македонија ќе игра во новоформирана Сребрена лига во одбојка?!

22.11.2017 | 21:39
Прочитано: 1141

Oдбојкарската репрезентација на Mакедонија е во друштво на репрезентации кои се пријавија за учество во новоформираните Златна и Сребрена лига на ЦЕВ, планирани да почнат во 2018 година. По 15 години Европската лига оди во историјата и наместо неа ќе се игра натпреварување во два квалитативни степена.

Неофицијално, Златната лига ќе сочинува 12 репрезентации, одбрани врз основа на рангирањето на ЦЕВ. Тоа би биле селекциите од 9. до 20. место на европската скала, бидејќи првите осум ќе учествуваат во Светската лига, која исто така ќе претрпи промени.

Македонија е 21. во Европа, прва под учесниците во Златната лига и затоа, многу веројатно, ќе учествува во Сребрената лига како еден од носителите на девет репрезентации кои би биле поделени во три групи.

Согласно пласманот, ќе има циркулирање од Сребрената во Златната лига и обратно, сепак, подетално и официјално за системот на натпреварување ќе се знае на 12 декември. Македонија се етаблираше како еден од најквалитетните учесници во досегашната Европска лига, во последниве четири години и затоа нема причина да не продолжи во едно вакво, новоформирано натпреварување, кое би почнало да се игра во средината на мај. Дополнително, тоа би претставувало добредојдена предигра за она што е фокус за 2018 година, квалификациите за Европско првенство, во август. Таму играме во група со Унгарија, Украина и со Швајцарија.


Владко Арсов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.