Македонија остана во игра за квалификации, го победи Косово во претквалификациите

13.08.2017 | 11:29
Прочитано: 2389

Македонија остана со реални шанси за пласман во квалфикациите за светскиот куп. Триумфираше против Косово на вчерашниот меч во Борис Трајковски 87-74 и се наоѓа во поповолна ситуација во случај ако двете репрезентации на крајот имаат ист број на бодови.

Во првото полувреме двете репрезентации беа рамноправни на теренот, гостите имаа блага позитива, но играта беше израмнета. Како минуваше времето така Македонија ја подобруваше одбраната, 22 коша прими по првата четвртина, па намали на 19 во втората. На полувремето Косово замина со минимална предност 40-41.

На почетокот на вториот дел Македонија направи серија од девет поени и го презема водството во третата четвртина, во која добро ни одеше и ја вративме вербата дека може да бидеме победници.

Третиот дел заврши со предност од девет коша за селекцијата предводена од Јорданчо Давитков. Добро се држевме и во завршницата од мечот во Скопје за конечни 87-74. Сега ни е потребна победа и против Естонија или во случај на пораз, Естонија да го порази и Косово, па да се мери разликата.

Следниот меч Македонија го игра на гости во Естонија на 16 август, ласман во квалифиакциите обезбедуваат првите две места во групата.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.