Македонски државјани фатени со 14 килограми марихуана

14.01.2014 | 10:19
Прочитано: 709
Брачна двојка од Македонија се обидела да пренесе 14 килограми марихуана во Србија. 
 
Дрогата била откриена во возилото на македонските државјани од страна на српските цариници на граничниот премин прешево. 
 
На прашање на цариниците дали имаат нешто да пријават, возачот одговорил дека нема ништо и дека возилото со кое патувале го позајмиле од кумот.
 
Рекле дека одат на гости во Инџија.
 
При прегледот на возилото откриено било дека во багажникот има специјално направено дупло дно, каде била сокриена марихуаната.
 
Возачот, чиј идентитет не е соопштен, изјавил дека не знаел што се наоѓа во автомобилот.

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.